Избори на 5. јули, Владата донесе уредба за ажурирање на избирачкиот список, Чулев гласал против

По завршувањето на вонредната состојба, ако не биде прогласена нова, изборите ќе се случат на 5. јули, а Владата веќе се подготвува за истите.

На денешната седница Владата усвои дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес со која се задолжува МВР во рок од еден ден да ги достави листите на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или пасош како и листата на државјани кои ќе направат 18 години до денот на изборите или 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Со оваа одлука ДИК се задолжува да ги превземе сите неопходни активности за подготовка на изборниот процес согласно изборниот законик. Со истата одлука министерството за здравство се задолжува да ги обезбеди сите неопходни средства за заштита за членовите на избирачките тела, се вели во соопштението на Владата.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави