Тамара Тодевска: „Интересно е колку некои луѓе погрешно те доживуваат“

Уште по завршувањето на Евровизија, Тамара како да ја погоди ураган од низата скандали кои ја следеа еден по друг.

Бурата очекувано доста ја погоди пејачката која потоа како да сакаше да се дистанцира од социјалните мрежи и да излезе од фокусот на јавноста.

Тамара изминатиот период ретко беше активна на Инстаграм и Фејсбук, а сега преку неколку „стори“ на својот профил откри дека се наоѓа во Гевгелија, родното место на нејзиниот сопруг Александар.

Таму се релаксира со најблиските, а се опушташе и негуваше во еден салон за убавина од каде објави куса снимка.

Потоа следеше и уште една порака која како да им ја упати на сите душегрижници, а во споделената мисла се вели:

-Интересно е колку некои луѓе погрешно те доживуваат. Тоа е дека не те познаваат доволно, но мислат дека имаат право да кажат нешто за тебе, пишува во објавата на Тамара.

За потсетување, Тамара првин наиде на осуда по изјавата за амбулантните возила, потоа следеа критиките за нејзиниот настап на парадата на гордоста, па на крај кулминацијата беше со пропустот во текстот на македонската химна која таа ја испеа без имињата на македонските револуционери, но се извини за тоа како ненамерна грешка.

извор: vistina.com.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави