Американската технолошка корпорација „Google“ чиј мобилен оперативен систем Android е вргаден во најголемиот дел од паметните телефони кои се произведуваат во светот, објави дека почнува со откажувањето на соработката со кинески „Huawei“, кој се наоѓа на листата компании кои САД ги оценуваат за опасни за американската национална безбедност.

Ова го најави агенцијата Reuters и предупреди дека „Huawei“ ќе го загуби пристапот до апликациите и мобилните услуги на „Google“, како што се Google Play, Google Play Store и Gmail.

Агенцијата Bloomberg во понеделникот пишува дека лошите вести за кинеската компанија продолжуваат, бидејќи американските добавувачи ќе го следат примерот на „Google“. Според написот „Intel“, „Qualcomm“ и „Broadcom“, трите водечки светски дијанери и добавувачи на чипови, веднаш започнале со запирање на нивите испораки на Huawei“. Јапонскиот финансиски дневени веснил Nikkei се надоврзува и дека германскиот производител на чипови „Infineon Technologies“, исто така, како и американските производители на мемориски картички „Micron Technology“ и „Western Digital“, ги прекунал испораките на своите производи за „ Huawei“.

Овој потег се однесува на новите корисници, додека сегашните корисници на паметните телефони на кинескиот производител со апликациите на „Google“ ќе можат и натаму да ги користат овие апликации, кои и да симнуваат нови ажурирања за апликациите, преку достапната верзија на опертивниот систем со отворен код.

Кинеската компанија се наоѓа на „црната листа“ на сомнителни компани која ја направи американското Минситерство за трговија, а со кои не смее да се соработува без одобрување од американските власти.

Од „Google“ објавија дека се усогласиле со оваа уредба и дека ги „разгледуваат импликациите од оваа одлука“. А импликациите би можеле да бидат значајни и значителни, бидејќи „Google“ мора да соработува со приозводителиоте за неговите оперативни системи да бидат компатибилни со новите паметни телефони.

„Huawei“ веќе подолг период е во остар судир со американските власти кои го обвунуваат за шпионажа во полза на Пекинг. Во Канада судот во моментов го разгледува барањето на САД за екстрадиција на главната финансиска директорка на Huawei, Менг Ванжу, ќерката на основачот на компанијата Рен Женгфеи. САД ја обвинуваат неа, Huawei и нивната американска филијала Skycom дека сториле финансиски измами и заговор поради перење пари. Обвиненијата веројатно се поврзани со можно кршење на американските санкции против Иран. Во јануари САД во засебен случај го обвини Huawei за измама за пренесување пари, опструирање на правдата и заговор и заговор поради кражба на трговски тајни на американската компанија T-Mobile.

Оваа кинеска компанија е еден до светските лидери во новата генерација на мобилен интернет 5G. САД, исто така, ја отфрлаат кинеската технолошка експанзија, така што бара другите земји, во прв ред од своите сојузници Германија и Велика Британија, да ја забранат 5G технологијата на „Huawei“, за којашто Вашингтон вели дека претставува безбедносна закана.