Ѓоковиќ бара паричен надоместок доколку се откажат турнирите во САД

Серијата турнири што треба да му претходеат на Гренд слем на УС Опен во Њујорк (31 август – 13 септември), како што е турнирот во Вашингтон се под знак прашање.

Натпреварувањето беше запрено во март поради пандемијата на корона вирусот, а заради влошената епидемиолошка состојба во Соединетите држави со коронавирус, челниците на АТП и играчите се согласија да донесат конечната одлука за продолжување на сезоната на крајот на јули.

Исто така, првиот човек на Советот на играчи и најдобриот играч на светот, Новак Ѓоковиќ, побара на тенисерите да им бидат вратени надоместоците за трошоците за патување во Соединетите држави доколку турнирите бидат откажани во последен момент.

Претходно, раководството на ВТА исто така побара од спортистите внимателно да го следат развојот на ситуацијата во Соединетите држави пред да се решат да учествуваат на турнирите.

Total
0
Shares
Поврзани објави