ФОТО: Вучиќ на работа – првата средба со кучето Пако

Првата средба на Претседателот на Србија Александар Вучиќ на работното место е со кучето Пако.

-Прекрасен подарок од патријархот Иринеј ,а ја прославивме и неговата прва награда, напиша Вучиќ на инстаграм споделувајки неколку фотографии со кучето.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како што вети, денеска по пуштањето од болница, беше на своето работно место, иако во петокот значително му беше влошена здравствената состојба, поради што и беше примен на ВМА.

Како што пренесуваат извори блиски на српскиот шеф на државата, Вучиќ по препорака на лекарите денеска работел скратено и морал да ја зема терапијата која му е препишана поради проблеми со срцето.

Животот на првиот човек на Србија бил загрозен, а медицинските тимови ги спровеле сите неопходни мерки за санирање на сериозната состојба.

Советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ, изјавила дека Вучиќ за викендот практично два дена поминал на апарати.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Промените на Сонцето во последните 10 години прикажани во 61 минутен филм изработен од фотографии снимени од опсерваторијата на НАСА

.Америкнската вселенска агенција НАСА објави едночасовен филлм од споени фотографии од Сонцетото собирани изминатите десет години. Овие фотографии…