ФОТО : Исчезна Прилепско Езеро !

Ужасни слики од Прилепското езеро осамнаа на социјалните мрежи. Езерото е пресушено а со тоа и цел рибен фонд и други видови животински свет е уништен.

Прилепското Езеро е лоцирано во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп. Езерото е изградено на Оревоечка Река во 1967 год. и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода. Тоа зафаќа површина од 0,54 km². Долго е 1,4 km, а широко 400 до 600 m. Најголема длабочина му е 28 m.
Во езерото можат да се акумулираат 6.000.000 m3 вода.

Total
0
Shares
Поврзани објави