Фото: Гол маж на “Илинденска”

Скопјани кои викендов имаа несекојднева неделна прошетка во Градскиот парк. На семафорот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Ленинова“ била поставена скулптура од целосно гол маж.

За скулптурата, која оддалеку изгледа како вистински човек, не е поставено никакво објаснување. Таа очигледно е дел од некаква уметничка инсталација, но сепак предизвика згрозување кај скопјани, кои на социјалните мрежи реагираа дека таа е невкусна.

„Од памет се извадив кога го видов, гол човек потпрен на семафор, целиот валкан и крвав,“ вели еден скопјанец кој поминал покрај скулптурата со своето тригодишно дете и останал запрепастен од несекојдневната глетка.

Човекот е намачкан со боја и изгледа како да го гушка семафорот, а во раката има најлонска кеса. Не е најјасно која била идејата на незнајниот уметник, ниту зошто се одлучил да ја изложи скулптурата на такво јавно место.

извор: a1.on.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави