ФОТО: Бездомници и просјаци спијат околу Зелено пазарче во Скопје, околината загадена

Зелено пазарче во Скопје и околината се претвора во јавен тоалет и загадена зона во центарот на градот. Околу пазарчето врие од диви продавачи на производи кои претходно биле фрлени во отпад. Истите продавачи по нужда одат во околните треви и влезови на зградите , додека во гаражите од смреда од измет не се влегува. Многу од нив се бездомници или луѓе кои просат и собираат отпад од контејнери. Некои си направиле и лежаи и импровизирани картонски куќи.

Полицијата и инспекцијата не постапува , состојбата станува алармантна , станарите со години се револтирани и реагират но ниту еден градоначалник проблемот со овој пазар не го среди. Смреда, гужва , тежкотија станарите со автомобил да влезат дома трае со години, без никаков план да се реши иако сите градоначалници до сега во изборната кампања овој проблем им бил приоритет.

Total
0
Shares
Поврзани објави