“Филипче понесете си квака за во болница”

Непријатното искуство во македонските болници на социјалните мрежи го сподели жена која напиша отворено писмо до министерот за здраство Венко Филипче. Таа во детали ракажува за условите во болниците и апелира здраствениот систем итно да се реформира. Еве ја нејзината приказна и искуство.

Министре Венко Филипче, вие како блиски до власта, треба озбилно да размислите да се обратите пред вашата партија и да побарате парите што се наменети за евровизија, да ги пренаменат во здравството. Имав прилика изминативе 4 дена постојано, за моја жал, да сум на релација, Клинички, стара Градска Болница. СТРАШНО!!! УЖАСНО!!! Носиш пациент со страшни болки. Нема кој да го прегледа!!! Еден доктор во четири ординации!!! Како бе?!? Кога конечно ќе ти дојде ред за преглед, после три саати виткање од болки, треба да легнеш на кревет бележан со локви крв, урина и уште што ти не!!! А бре, не дојдов јас тука од копнеж по бактерии и болести!!! Дојдов за помош!!! Се сеќавате?!?Некоја заклетва полагавте, еднаш одамна. Само, Хипократ беше или Хипокрит?!? Вие министре сте влегле во тоалетите на пр. на Абдоменална хирургија? Ааа ако одите пробајте да ја затворите врата. Ама прво понесете си квака со себе. Знаете дека пациентите кои во несвест паѓаат од болка, наместо да добијат соодветна лекарска помош, добиваат одговор… “Нема место, оди на друга клиника.”Ова како она, ко преживи, прича че!!! А можда и нече!!! А знаете дека на една од клиниките за иста дијагноза и зафат ви бараат 20 000 ден авансно плаќање, бидејќи на приватно се лечиш, а на друга само 1200 ден !?! А исто така, кога и дали имате намера да го сопрете монополот на Градски паркинзи врз имотот на клинички?!? Единствено кај вас на клинички е дозволено паркирање на тротоарите на зелените површини, пред влезовите на клиниките… се со цел да се спречат оние кои се движат во колички, со помагала или се виткаат од болка да не стасаат на посакуваното место. По едноставно е да завршат во Мртовечница. И процедурата е побрза. Е, морам да признаам. Не е се така црно. Единствено 8 Септември(стара Воена болница) задржала нешто човечно во себе. Влегуваш, онесвестен од шетање по клиники, на кои те третираат како дома да си им дошол и да си им го поремети спокојот,и те чека на шалтерот насмеана сестра!?! Чекај, си викаш, заспав ли веќе, сон ли е??? И го раскажуваш твоето болно патешествие, а таа како ангел за 5 минути пред тебе носи не еден туку двајца доктори!!! Е сега веќе си сигурен дека сонуваш. Те прегледуваат за 5 мин. Договараат операциона сала за уште пет мин. И после неполн час, завршил хируршкиот зафат, те средиле до тој степен, што се смееш и плачеш од радост истовремено. Додека те испраќаат, те прегрнуваат и ти даваат упатства што понатаму, и ти имаш чувство како дома да си им бил, и дека ручек ти дале. А чисто!!! Како во аптека. А топло!!! Како во мајчина прегратка. И пак ќе речам, министре Венко Филипче, почнете да го менаџирате здравството. Исчистете го ѓубрето. Исперете ги чаршавите. Исчистете ги тоалетите. Направете ред. За што сте тука??? А, ве има ли?!? Заработете си ја платата.  

извор: Превземен статус од ФБ

 

Total
0
Shares
Поврзани објави