Набавивме 13 нови возила за Здравствениот дом Скопје и ја зајакнавме единицата за домашно лекување. Минатата година набавивме 12 нови возила за Службите за Итната медицинска помош (ИМП) во државата, со што за 100% ја зајакнавме службата во градот Скопје. Во завршна фаза е постапката за обезбедување и дистрибуција на 65 нови санитетски возила, како донација од Кина. Примивме 40 доктори, од кои 27 се во ИМП.

Водиме грижа за здравјето на нашите граѓани и продолжуваме понатаму преку фокусирање на пациентите, користење на современа технологија во склад со следење на светските стандарди за квалитетна здравствена заштита и промоција на здрав стил на живот за здравје во семејството во насока на спречување на болести.

Голема благодарност до градоначалникот Борис Георгиевски за донацијата од две специјални возила за ИМП.

FB статус фан страна на министерот Венко Филипче