Европскиот парламент поради коронавирусот се сели од Стразбур во Брисел

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, донесе одлука да ја откаже пленарната седница во Стразбур закажана за следната недела и да ја одржи во Брисел, поради епидемијата од коронавирусот.

„Врз основа на дополнетиот извештај на медицинската служба на Европскиот парламент за развојот на инфекцијата Ковид 19, пленарната седница следната недела ќе се одржи во Брисел поради виша сила“, објави Сасоли на „Твитер“.

Европскиот парламент се состанува еднаш месечно на пленарна седница во Стразбур, а во Брисел по потреба се одржуваат т.н. мини-пленарни седници, кои траат пократко.

Европскиот парламент најголем дел од својата работа ја врши во одбори, главно во Брисел.

Total
0
Shares
Поврзани објави