ДУИ: Да се обединиме и да избереме премиер Албанец

ДУИ ги повикува сите албански партии да им се приклучат за да изберат Албанец за премиер.

Демократската Унија за Интеграција смета дека Охридскиот договор спроведува, Албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците предводат најмногу позиции од било кога, клучни позиции  како судии Врховен и Уставен суд, министри во клучни министерства, Претседател на Собрание и многу други.

Но сепак, поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста,  Албанците се соочуваат со потешкотии во работните Дместа, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда.

Затоа, ова не поттикна да го превземеме следниот чекор, за да ги тргнеме и последните потешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме Прв Албански премиер во Северна Македонија.

Постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија и секогаш обединети се боревме за заедничките цели. Како за време на војната така и за време на кризата.

Сега е време пак да се обединиме за целта која е поважна од сите партии и поважна од секоја личност. Заедно, со обединети гласови на Албанците, на секој од нас, но и на другите, ова можеме да го постигнеме.

ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за Албански Престедател на Владата. Сега е време сите заедно да ја пишуваме нашата историјата, сега е време да продолжиме до потполна рамноправност. Но, исто така, време е и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за Албански премиер?

ДУИ ги поканува сите албански партии да и се приклучат на оваа инициатива и заедно, да се договорат за следниот Премиер Албанец на Северна Македонија.  Со Албански Премиер, Албанците за прв пат во историјата ќе раководат со извршната власт и ќе ја превземат таа одговорност. За прв пат, премиерот под еднакво ќе биде на сите граѓани. Премиер за рамноправност и едниство: за еднакви работни места, за еднаква плата, за еднакви права и за неселективна  правда. За Албанците и за сите граѓани во државата. Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност.

Сега е наше време. Заедно, можеме да испишеме историја градејќи ја иднината. За нас Албанците, и за целата држава, стои во соопштението на ДУИ.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Студентка стана пратеник

На псоледните парламентарни избори пратенички мандат издејствува и една студентка. Се вика Артина Ќазими и беше кандидирана во…