Цеца и синот позитивни на Ковид-19

Српските портали објавуваат дека турбо фолк ѕвездата, Светлана Ражњатовиќ, по правењето на ПЦР тестот за коронавирус е позитивна на КОВИД 19.

Првично по направен серолошки тест беше негативна но поради новороденчето од синот бил направен тест со земање брис од грло и нос. Овој тест е позитивен. Позитивен е и тестот на синов Вељко.

Српските портали со денови известуваа за раѓањето на нејзиниот внук. И таа самата објавуваше видео стории на социјалната мрежа инстаграм. На домашната забава во куќата на Цеца беше присутна пријателка за која се дозна дека е заразена поради што целото семејство на Цеца се тестира. Еден од најголемите нејзини пријатели пеачот Аца Лукас изјави дека нема да се тестира оти не се поздравил со жената која била позитивна но по најновите информации можно е и тој да биде тестиран.

Како што пишуваат некои и синот Вељко е заразен од коронавирус.

Сега кои биле во домот на забавата сега се потенцијални случаи и мора да се тестираат и да седат во домашна изолација.

kurir.rs

Total
0
Shares
Поврзани објави