Кристина Кулчар (31), која е во шестиот месец од бременоста, ја убила свекрвата Ибоја Варга (59), во дворот на семејната куќа во селото во близина на Бечеј во Војводина. Двете жени се расправале околу ручекот.

Снаата ѝ забодела нож во грб на свекрвата. Ранетата Ибоја се обидела да избега на улица и да побара помош од нејзините соседи, но девојката ја фатила и ја убила со вила.

Золтан Варга, син на убиената Ибоја и сопруг на уапсената Кристина, за медиумите вели дека не може да поверува што му се случило. Тој бил информиран од пријателка за тоа што се случило додека бил на работа.

„На лулашките, лоцирани недалеку од нашата куќа, ја најдов Кристина со нашите синови, кои имаат две и четири години. Ја прашав што направи. Таа само се насмеа и рече: ‘Ја убив мајка ти’. Ги зедов децата и ѝ реков дека не вреди да бега. Тогаш полицијата дојде и ѝ стави лисици”, вели Золтан.

Тој додава дека изутрината сè било во ред и никој не насетувал што можело подоцна да се случи. „Тоа утро двете разговараа нормално. Со кафе се согласија да не готват, бидејќи многу храна остана од неделата. Подоцна слушнав дека се расправале поради ручекот”, вели Золтан, додавајќи дека неговата сопруга имала психолошки проблеми и трипати се лекувала во невропсихијатриска клиника во Нови Сад.