Томас Маркл Џуниор, 53-годишниот брат на Меган Маркл, ја обвини сопругата на принцот Хари дека одбила да му помогне на своето семејство.

Маркл тврди дека неговото славно презиме поминало лошо во бизнисот и тој изгубил голем број на можности, на крајот завршувајќи без покрив над главата и без пари.

Јас сум бездомник и би можел да завршам под мост со натпис на картон и да молам за пари“, изјавил за The Sun. Таа е на кралскиот пиедестал и од таму гледа што се случува со семејството. Требаше да биде похумана кон нас“, рече Маркл, која најверојатно ќе се врати кај својата мајка во Ново Мексико и таму ќе го продолжи животот. Тој додаде дека не мора да ја поддржува одлуката на Меган да се повлече од кралското семејство, но сфатил дека таа и принцот едноставно сакаат поголема приватност.