Белград: Малолетник украл градски автобус, па возел на редовна линија и застанувал на сите постојки

Седумнаесетгодишниот С.Б. завчера попладне украл градски автобус на терминалот на Славија во Белград и со него се „провозел“ од Славија до Видиковац. Тоа се случило откако на редовиот возач на автобусот му завршила смената, а тој го паркирал возилото за да го преземе возачот од врората смена, кој доцнел на работа. Тоа го искористил С.Б., кој вегол во автобусот, пишуваат белградски медиуми.

Интересно е што С.Б. со километри возел по редовната траса и застанувал на секоја автобуска станица за патници. Откако била алармирана полицијата, таа го сопрела автобусот и го привела малолетникот. Тој автобусот го возел како вистински професионалец, не промашил ниту една автобуска постојка, а автобусот немал никакво оштетување.

Момчето им било познато на возачите на градски автобуси во тој дел на Белград. Саколо да се дружи со нив и да зборува за автобуси

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Цеца во постела од рози

Балканската звезда на вечерта на деновите на штипска пастрмајлијада беше Цеца која за настапот се подготвувала во елитниот…