Бајден ќе ја постави Хилари Клинтон за амбасадорка во ОН?

Новоизбраниот претседател на САД, демократот Џо Бајден размислува во својата администрација да ја вклучи и поранешната претседателска кандидатка Хилари Клинтон, која би можела да биде амбасадор на САД во Обединетите нации.

Клинтон, која изгуби од Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година, во моментов е главниот кандидат на Бајден за амбасадорската функција, пренесува Индипендент повикувајќи се на Вашингтон пост.

Бајденовиот тим со месеци ги проверува потенцијалните кандидати за главните улоги во неговата администрација и во следните денови ќе му бидат претставени бројни можности.

Новоизбраниот претседател веќе почна да го составува тимот за борбата против коронавирусот, а наското ќе мора да ги избере и членовите на админстрацијата, однсоно владата.

„Разговорите за формирање на администрацијата се во тек, без оглед на тоа дали Трамп ќе одбие да го призне поразот на изборите“, наведува Индипендент.

Хилари Клинтон беше кандидатка за претседател на демократите на изборите во 2016, кога изгуби од републиканскиот кандидат Трамп.

Во електорскиот колегиум Клинтон доби 232, а Трамп 306 гласа. Од друга страна, Клинтон доби повече гласови од народот – 48,2 наспротив 46,1 колку што освои Трамп.

Хилари Клинтон во 2000 година беше избрана како прва жена на функцијата сенатор на сојузната држава Њујорк, додека од 2009 до 2013 годна ја вршеше должноста државна секретарка на САД во администрацијата на Барак Обама.

Total
0
Shares
Поврзани објави