АУДИО: Шабан невобичаено некаде брзаше, Мирсад го удри синтисајзерот по глава…

Аудио сведоштво за сообраќајката на Шабан Шаулиќ слушнете го на следниот линк на blic.rs

За српски „Блиц“ од болничкиот кревет Слободан Стојадиновиќ кумот на шабан шаулиќ кој единствен ја преживеа сообраќајката раскажа детали пред несреќата но и за самата сообраќајка.

До четири часот наутро имавме настап, потоа се договоривме да легнеме во хотелот, бидејќи авионот ни беше рано наутро. Дојдовме во хотелот, спиевме еден час и потоа станавме. Шабан веќе беше станат и подготвен и ми тропна на вратата, а јас го прашав: „Па зошто брзаш?“, а тој ми кажа: „Ајде побрзо, зошто доцниш, брзаме“. Малку ми беше чудно зошто ме бара, бидејќи претходно никогаш не го правел тоа. Откако тргнавме малку беше нервозен и ми замери што не го разбудив три минути порано, три минути, не можев да верувам. Цел беше чуден, вели Стојадиновиќ.

Тој додава дека пејачот цело време бил нестрплив.

Целото време гледаше на часовникот, дури пет пати, како негде да брзаше, како несреќата да го влечеше. Додека патувавме зборувавме за нашите луѓе кои живеат овде и земаат пензија. На „Сеатот“ лоши му беа светлата, а Шабан тоа го забележа, по што Мирсад му рече дека ќе вози со долги светла. Не изговоривме ниту пет збора и бам… ние претходно кочевме бидејќи имаше работници на патот, а потоа со голема брзина зад нас не мавна автомобилот. Седев зад Шабан, а зад Мирсад беше неговиот инструмент, синтесајзерот кој го мавна по глава и доби тежок удар, раскажува менаџерот на пејачот.

Тој вели дека Шабан неколку пати паѓал во несвест и се будел додека гледал како го сечат автомобилот, а докторите го оживувале Мирсад.

Потоа прашав каде е Шабан бидејќи видов дека го нема и во тој момент се онесвестив. Потоа ме изнесоа и видов дека дојдоа голем број на екипи на брзата помош. Сопругата на Шабан претходно го бараше него околу 50 пати, а исто толку таа ѕвонеше кај мене. Откако и кажав дека малку сум повреден, а Шабан не е покрај мене настана хаос…, вели тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави