Почитувани граѓани освен на циклоните одсега па натаму ќе ги именуваме и антициклоните, имињата истои така се добиваат кога циклоните и антициклоните се особено силни и значително влијаат на времето кај нас.

Антициклонот БОЈАНА кој го зафаќа целиот Балкан и Македонија е особено силен и ќе условува стабилно, сончево и вистинско топло време – следуваат детали:

Целиот Балкански Полуостов подпадна под влијание на силен антициклон а тоа значи висок воздушен притисок и стабилна, сува и топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини.

Токму ова во следните денови како кај нас во Македонија па така и ширум Балканот овој антициклон ќе услови сончево и вистинско топло време поремено со умерена локална облачност а на северот од Балканот услови за локална нестабилност ќе има кон крајот на оваа недела додека кај нас во Македонија и натаму ќе продолжи претежно стабилното, сончево и топло време со умерена локална облачност (повремено) додека на крајот од оваа недела има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи и тоа на планинските места.

Се на се пред нас е еден период на суво и стабилно време поточно сушен период кој ќе услови вистинско топло лето со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени додека на југоисток на крајот од оваа недела не се исклучува можноста истите да се искачат до околу 35, 36 степени со што оваа недела целиот Балкан ќе биде зафатен со натпросечни температури на воздухот што значи дека температурите ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината.

Да напоменеме дека воздушниотпритисок во центарот на антициклонот БОЈАНА изнесува дури околу 1025 htp.

извор: Славчо Попоски