Андреј Стојаноски го освои петтото место на 200 метри мешано на Светското првенство во пливање за глувонеми, што се одржува во Сао Пауло.

Дваесет и четиригодишниот Стојаноски во финалната трка оствари време од две минути, 16 секунди и 16 стотинки, при што за 11 секунди беше побавен од новиот светски шампион Рјутаро Ибара од Јапонија.

Тој се квалификуваше во финалето со шестото најдобро време, кое изнесуваше 2:17,65 минути, за потоа да го оствари својот најдобар резултат на ова првенство.

Стојаноски, кој работи со тренерот Методије Ангелевски, претходно пливаше и во финалето на 200 метри слободно (осмо место), 400 метри слободно (седмо), 800 метри слободно (десетто) и на 400 метри мешано (седмо)