Али Ахмети до Сефер Цановски за “Космос”- Татко ти го напушти ВМРО-ДПМНЕ и не сте со ДУИ мора да се руши

Еден од клучните сведоци за уривањето на Космос на Фијат Цановски , неговиот син Сефер денеска пред суд изнесе детали како откако дознал дека комплесот ќе се руши молел за помош до тоа да не дојде.Прв кому се обратил бил Орце Камчев но бил одбиен, потоа разговарал и со Али Ахмети но и од таму добил одговор дека поради политиките на татко му Космос неизбежно е да биде срушен.

Еве дел од негово сведочење:

„Прв комшија ми беше Орце Камчев. Го замолив да не одат до најцрното сценарио. По неколку дена добив одговор од Орце дека тој бил близок со Сашо Мијалков, дека немал Сашо допирни точки со овој предмет и оти оваа работа ја координира директно тогашниот премиер Никола Груевски“, сведочеше Сефер.

Потоа отишол да моли кај Муса Џафери и Али Ахмети да ги разубедат обвинетите Груевски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски во намерата, да го урнат „Космос“.

„Пред да доаѓаш, да ти кажам дека поради тоа што татко ти ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, а не дошол ни со ДУИ да коалицира, многу е тешко и скоро невозможно да се спречи уривањето“, ми рече Али Ахмети по телефон.

Total
0
Shares
Поврзани објави