Аја Софија – 20.000 полицајци ја обезбедуваат првата молитва откако се преименува во џамија- се очекува и Ердоган (ВИДЕО)

За првпат после 86 години во Аја Софија денес ќе се оджи првата молитва од нејзиното преименување во џамија, а верниците и многубројните туристи од рано утринава пристигнуваат во Истанбул, додека се очекува на молитвата да присуствува и Ердоган.

Аја Софија ќе биде отворена со џума-намаз (голема молитва напладне), а почнале усте по утринската молитва да пристигнуваат верници, додека пак ангажирани се околу 20.000 полицајци за да го обезбедуваат собирот.

Многу граѓани чекаат на 11 контролни пунктови да им се дозволи да влезат во областа на молитва.

После дезинфекцијата, надлежните служби им доставуваат на новодојденците маски и  молитвени душеци за една употреба.

Во исто време, на граѓаните им се дава симит (леб) и чај за да се зајакнат.

Освен турскиот претседател, други официјални претставници на повеќе партии се очекува да присуствуваат на церемонијата на отворање на џамијата.

Исто така, по повод церемонијата, пристигнаа многу домашни и странски туристи.

Преземени се високи безбедносни мерки.

Како дел од воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, се планира молитвата да се изврши во пет зони на отворено, три за мажи и две за жени, објави турската агенција Анадолија.

На контролните пунктови, надлежните служби ја контролираат телесната температура на посетителите и дали имаат маски, а присутни се и 736 здравствени работници распоредени на неколку локации со амбулантни возила, како и амбулантен хеликоптер.

Аја Софија служела како православна црква 916 години, сè до освојувањето на Истанбул, додека имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.

На 10 јули, турскиот суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја, со која се додели статус на музеј на на Ааја Софија на 24 ноември 1934 година и ја пренамени во џамија.

Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија е вклучена на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1985 година.

Турските власти најавија дека ќе продолжат со зачувување на културните и историските вредности на Аја Софија на таков начин што Дирекцијата за верски работи на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам на таа земја ќе се грижи за реставрација, конзервација и заштита.

Total
0
Shares
Поврзани објави