26. јуни 2019. / 10:42

Брат и три сестри со нарушено психофизичко здравје живеат во рушевина, АПЕЛ за нивно згрижување

Душко, Весна, Вaнка и Благородна Стефановски се брат и три сестри кои живеат во субстандардни услови. Сите се болни со нарушено психофизичко здравје, но се убедени дека може да живеат сами. Живеат во куќа без покрив врати тоалет , носат валкани алишта не примаат никаква ниту социјална ниту лекарска помош. Причина за тоа е нивната жива но стара мајка која е сместена во старечки дом и прима пензија. Поради тоа братот и сестрите не може да остварат право на социјални примања. Но сепак државата еднаш се обидела да им помогне и им понудила живеалиште во Клечовце, но тие одбиле. Колку можат да расудуваат и донесуваат одлуки никој не проверил поодамна. Болеста кај нив со годините прогресира и тие стануваат насилни и кон околината. Не се свесни што прават иако се убедени дека така треба. Хумани граѓани им помагаат им носат храна и облека но тоа не е решение за нив. Пред извесно време поради крајно нарушено здравје една сестра била пренесена во болницата во Бардовци. Оние кои ги познаваат АПЕЛРИРААТ овие луѓе да бидат згрижени соодветно бидејќи секој заслужува достоинствен живот.

Најнови видеа