Acibadem Sistina експресно и бесплатнo ја згрижи жената со мозочен удар и декубит која ја лазеа муви

Неполни 24 саати по објавувањето на вознемирувачкото видео на DOSIE.MK за агонијата на Илинка Арсова со тешка операција од мозочен удар и отворена дупка- рана декубит на грбот, која ја лазеа муви во кумановската болница е веќе сместена и се лечи во Приватната болница Acibadem Sistina во Скопје. Таа попладнево во придужба на лекарски тим и со специјално амбулатно возило на Систина е пренесена од Кумановската болница и сместена е во одделение за интензивна нега. За неа ќе се гриж тимот на доктор Мите Караѓозов.

По објавувањето на сторијата се ангажираа активности меѓу кои и Мери Николова Буџаку. “Лекувањето, сместувањето и грижата за нејзе е на терет на болницата. Анѓелите пристигнаа за Илинка, Ви благодарам д-р Караѓозов, Г-дин Орце Камчев и комплетниот персонал во болницата. Додека од клиниката на Жан Митрев чекаа да уплатиме 440.000 ден.” и пациентката да дојде во полоша состојба” , во овој момент од болницата на СИСТИНА патуват со свое болничко возило да ја превземат пациентката од Куманово. БЛАГОДАРИМЕ НА ЦЕЛИОТ ТИМ ВО СИСТИНА. ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ”,објави на ФБ Мери Николова Буџаку.

Total
0
Shares
Поврзани објави