Xуманитарната акција за помош на семејството Воденски од село Русиново на кои во два пожари им изгоре се

Под мотото „Да подадеме рака на семејството Воденски“, во тек е хуманитарната акција за собирање помош на тричленото семејството Воденски од село Русиново, чија куќа и покуќнина, изгоре во пожар изминатиот петок.

Засега заврши расчистувањето на остатоците од куќата и останатиот имот. Без кров над глава останаа Кирил, Велика и Маринчо Воденски. Во акцијата за расчистување како што информираше Драги Воденски, постариот син на Кирил и Велика Драги Воденски, учествуваа вработени во Јавното претпријатие за комунална дејност ,,Услуга од Берово. 

Просторот околу опожарената куќа и имот се целосно расчистени од страна на вработените во ,,Услуга” за што сме им многу благодарни. Од утре, па натаму започнува поставувањето на нови темели на куќата со што се надеваме дека со помошта од општината и хуманите граѓани ќе успееме за брзо време да го изградиме првиот кат и да оспособиме една соба каде би живееле мојот брат и родителите, вели Воденски. Како што додава постариот син Воденски, кој со семејството долги години живее во Германија, во тек е и акцијата за собирање парична помош, која се одвива во најдобар ред.

Веќе пристигнаа и првите поголеми донации од страна на наши иселеници по потекло од Русиново. Меѓу нив и Ванчо Воденски кој е татко на најпознатиот кик боксер Кристијан Воденски кој се одзва на поканата и донираше за помош на моите родители. Освен кон ова семејство, упатуваме благодарност и до сите останати хумани граѓани, кои донираа парична и секаква друга помош која ќе допринесе, наскоро да се издигне новиот дом на моите родители и мојот брат, додава Воденски. 

Донации за помош на семејството Воденски се вршат на жиро сметка на име Драги Воденски со бројка: 240217003650133 – Унибанка, додека парични средства се собираат и на социјалните мрежи, под мотото „Да подадеме рака на семјството Воденски“Жиро сметка за донации од странство Dragi Vodenski IBAN: MK07240217003650133 Universal Investment Bank Skopje (UNIBANK) SWIFT CODE: UIBMMK22

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(Фото) Актерката Милица Стојанова се вакцинираше: Не сакам да гледам уште една војна со невидливото

Познатата македонска актерката Милица Стојанова се вакцинираше против Ковид-19. “Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот…