Видео: Тепачка – жителите на Трнодол не даваат нов ДУП


Жителите на Трнодол никако да се договорат со Општина Крпош. Тврдат дека над населбата и под ридот ќе се прават објекти кои ке им ја загрозат безбедноста. Наспроти нив градоначалникот Стефан Богоев тврди дека тоа не е така и дека планот се носи по барање на жителите на Козле. Луѓето од Трнодол велат дека денеска во општина на состанокот за јавен увид на планот биле замешани и партиски луѓе кои биле еден час порано од закажаниот термин со цел да се направи инцидент и состанокот да биде одложен. До конечно разјаснување на проблемите бараат да се повлече ДУП и да се прогласи мораториум на нови градби.

видеото е сопственост на порталот а1он.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави