Видео сторија – Еден ден во Италија

Градовите се пусти. Животот е замрен целосно. Луѓето одат на работа и тоа само оние кои имаат посебни дозволи. Храна има , работат само големите маркети. Од дома до работа и назад само по одредена рута ни лево ни десно. Нема одење на гости ниту комуникација со соседите . Ова е секојдневие во Италија во деловите каде корона вирусот се уште е под некаква контрола. Пријателите на Досие од градот Monfalcone во регионот Fruli Venezia Giulia велат дека во оваа област засега има мал број на починати претежно постари луѓе. Животот им е органичен во се. Оние кои одат на работа имаат посебни дозволи и организиран превоз. На пример фирмата им обезбедува автомобил со кој четворица одат заедно , а на капијата од фирмата , фабриката или било која институција која работи се прави детална контрола на температура и проверка со термална камера. Маркетите се полни и нема паника , а пред влезот на купувачите им се даваат ракавици кои задолжително ги носат додека се внатре и пазарат. Основните животни потреби плин и струја ги добиваат непречено. Работат телевизиите и интернетот не е ограничен. Видео сторијата е само еден мал дел од едно секојдневие на Италијанците.

К.Мачкиќ

материјалите користени за видеото се сопственост на DOSIE.MK

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Родилката чие бебе почина во Битолската болница, сѐ уште не добила отпусна листа и се сомнева во обдукцискиот наод

Родилката од Битола, Викторија Крстеска, чие бебе почина на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница, на Фејсбук реагира…