Видео: Маж во инвалидска количка секојденво оди по леб буткајќи се во рикверц

Маж кој живее во близина на скопската населба Црниче секојдневно оди во дуќаните во близина на улица Бихачка за да купи некоја намирница. Но за да се врати дома мора сам со нозете да се турка наназад за да ја искачи угорницата која е оптеретена со многу сообраќај и тоа во дел со лош свиок. И денеска беше така. Го блокиравме патот, а жена помогна човекот да биде однесен до правта кривина во близина на куќата. Тој живее сам и од социјална помош, но не побара ниту пари ниту ништо, се пожали дека е вака отккако починал братот и замина со инвалидската количка.

Total
0
Shares
Поврзани објави