ВИДЕО: Македонските танчери со Даунов синдром прославуваат злато на Светското првенство во хип-хоп

https://www.facebook.com/zane.matovska/videos/961270894078300/

Танчерите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс Јунајтед“ го освоија светот. Тие на Светското првенство во хип- хоп танци го освоија првото место во пара-категорија. Во Киелце-Полска се вееше македонското знаме и ечеше македонската химна. Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска се тренери и ментори на натпреварувачите Ана, Моника, Ена, Александар, Оливер, Христијан и Дарко за кои велат дека се вистински амбасадори на нашата држава со освоени многу награди последниве 5 години и титулите Европски шампиони во латино шоу јуниори (деца со типичен развој) како и европски шампиони во повеќе пара категории освоени годинава во мај.

Total
0
Shares
Поврзани објави