По две недели поминати на механичка вентилација и после 4 хемофилтрации 61-годишниот беровчанец заминува дома со негативен тест на Sars–Cov–2

По две недели поминати на механичка вентилација и после 4 хемофилтрации 61-годишниот беровчанец заминува дома со негативен тест на Sars–Cov–2 По еден месец престој во нашата клиника, поточно во одделот каде што се лекуваат пациенти позитивни на вирусот Sars–Cov–2, заминува дома пациент кој помина тежок но успешен процес на лекување. Пациентот во нашата клиника се лекуваше еден месец а беше дојден во исклучително тешка општа состојба, позитивен на коронавирусот, со температура над 38 степени целзијусови. Непосредно по приемот пациентот беше поставен на неиванзивен мониторинг каде што можевме да ги следиме виталните параметри на пациентот и беа направени лабораториски, микробилошки и генетски анализи. Од анализите веднаш забележавме покачени вредности на инфламаторни маркери, леукоцити, ЦРП, прокалцитонин како и покачени вредности на дедимери, ЛДХ и интерлеукин 6.Применувајќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на пациенти позитивни на Covid 19 дел од третманот на тешко болни пациенти го засноваме на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоапсорпцијата на цитокини и други восплителни медијатори. Пациентот беше поставен на вено-венска хемофилтрација со користење на Oxiris филтер и поради инверзија на гасните анализи, ниската периферна сатурација како и ренгенскиот наод за акутен респораторен дистрес синдром пациентот беше интубиран и беше поставен на механичка вентилација.Пациентот помина 4 циклуси на хемофилтрација. По четвртиот циклус на хемофилтрација можеше да се забележи подобрување на неговата целокупна општа состојба и сите наоди.По скоро две недели поминати на механичка вентилација – респратор, пациентот беше екстубиран, тргнат од респиратор. Пациентот заминува дома со негативен тест за корона вирус и во стабилна добра состојба.

Gepostet von ZAN MITREV am Mittwoch, 16. September 2020

По две недели поминати на механичка вентилација и после 4 хемофилтрации 61-годишниот беровчанец заминува дома со негативен тест на Sars–Cov–2. Човекот е лекар за кого имаше апели за помош и лекување. Тој е првиот пациент во Македонија кој успеа да се врати во живот откако беше приклучен на респиратор. Од Жан Митрев Клиник во детали појаснуваат како успеале да го спасат животот на овој пациент:


Пациентот во нашата клиника се лекуваше еден месец а беше дојден во исклучително тешка општа состојба, позитивен на коронавирусот, со температура над 38 степени целзијусови.
Непосредно по приемот пациентот беше поставен на неиванзивен мониторинг каде што можевме да ги следиме виталните параметри на пациентот и беа направени лабораториски, микробилошки и генетски анализи.
Од анализите веднаш забележавме покачени вредности на инфламаторни маркери, леукоцити, ЦРП, прокалцитонин како и покачени вредности на дедимери, ЛДХ и интерлеукин 6.
Применувајќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на пациенти позитивни на Covid 19 дел од третманот на тешко болни пациенти го засноваме на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоапсорпцијата на цитокини и други восплителни медијатори.
Пациентот беше поставен на вено-венска хемофилтрација со користење на Oxiris филтер и поради инверзија на гасните анализи, ниската периферна сатурација како и ренгенскиот наод за акутен респораторен дистрес синдром пациентот беше интубиран и беше поставен на механичка вентилација.
Пациентот помина 4 циклуси на хемофилтрација. По четвртиот циклус на хемофилтрација можеше да се забележи подобрување на неговата целокупна општа состојба и сите наоди.
По скоро две недели поминати на механичка вентилација – респратор, пациентот беше екстубиран, тргнат од респиратор. Пациентот заминува дома со негативен тест за корона вирус и во стабилна добра состојба.