(Видео) Фуфо: Коцката ми го уништи животот, губиш пари, па образот, па семејството

Љупчо Николовски – Фуфо во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 раскажа за своето минато поврзано со коцкањето ио лихварството.

На прашање за тоа колкави се каматите што лихварите ги наплаќаат за своите услуги, Николовски вели дека се 10 отсто на ден, односно доколку денеска земете 10 илјади евра, утре ќе треба да вратите 11 илјади евра, но доколку доцниш со плаќање еден месец ќе станат 30 илјади евра.

Не постои коцкар што може веднаш да го плати тоа што го позајмил. Да, во почетокот сум бил во ситуација веднаш да платам, но како сум паѓал се потешко сум враќал. Тогаш почнува тортурата која ретко кој може да ја издржи. Во коцката губиш свои пари, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното, односно семејството, вели Николовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави