Ова е единственото видео кое може да се добие од синоќешниот инцидент во скопската населба Шуто Оризари кога три лица од кои двајца полицајци беа претепани од локалното население. На видеото се гледа еден од тепаните кои на прашања на луѓето не одговара. Од оние кои биле во близина дознаваме дека луѓето често се движеле во населбата и главен таргет на потенцијални жртви биле децата што просат, но имало и случаи кога се влегувало дома и од дома им се земале децата.

Децата што просат раскажувале за непознатите мажи кои ги мамат во автомобили или комби возила со темни стакла, но ним никој не им поверувал.

Само пред неколку дена се разбрало дека 16 годишно дете некој се обидел да го киднапира.

Сплет на околности и голем револт на жителите, кои овие сомнителни движења на непознати во наслебата ги пријавувале во медиумите но никој не ги послушал , приказните кои се ширеле последниве две недели, синоќа кулминираа.

Откако девојче алармирало дека нешто чудно се случува околу автомобил без таблички се собрало населението и како побарало од човекот кој рекол дека е полицаец да се легитимира. Но тој одговорил дека легитимација не носи.

Потоа продолжуваат да го прашуваат дали навистина е овластено службено лице, а тој  и понатаму не одговара. Еден од толпата извикува удри го може ќе проговори, а друг пак вели не го удирај ќе се онесвести од тепање.

Но сепак човекот добива шамар и почува тепачката.

Се чека и официјалната верзија на настанот од полицијата. Видеа кои беа објавени од целион настан се избришани , а локалното население е убедено дека луѓето кои ги тепале се крадци на деца.