ВИДЕО: Денеска е Свети Василиј Острошки: Чудо што му се случи на Македонец се уште неразјаснето

12. мај 2019. / 9:58

Православната црква и верниците денеска го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодати.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој тој што доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивни близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако решите да побарате помош од овој светец од денеска мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.

Доколку познавате личност што се подготвува за вакво патување, треба да ѝ однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лекуваат сите болести.

Пред две години се случи необичен настан кога македонец патувајќи кој манастирот снимал со мобилен и се појавила необична светлина. Ден денес никој не може да потврди дали тоа е рефлексија од мобилниот телефон или навистина чудо.

Но дека местото е посебно потврдуваат и фотографиите на неколку илјади луѓе кои сности со шатори и под ќебиња преноќија во дворот на манастирот.


Comments are closed for this post.

Моја приказна

Атиџе од “Медена зeмја” ќе одгледува пиперки и домати

пред 13 часа
Моја приказна

Семејството на Ирена Костовска го објави отпусното писмо и обвинува: „Докторите направиле фатална грешка“

пред 23 часа
Моја приказна

Сама чекав 12 часа пред операциона сала – детето кое никој не се нафати да го оперира во Скопје се опоравува во Италија

пред 1 ден
Моја приказна

Жената од Штип која докажуваше дека е жива доби пензија

пред 1 нед.
Моја приказна

Видео: Штипјанка два месеци се мачи да докаже дека е жива !

пред 1 нед.
Моја приказна

ДА ПОМОГНЕМЕ: Семејството на Емилија Динева е во тешка финансиска состојба

пред 3 недели
Covid -19 Моја приказна

Исповед: Како се излекував од Ковид-19 по примена прва доза на вакцина

пред 3 недели
Моја приказна

Стојанче Ангелов одел пеш 16 километри и низ снег до Галичнкк за да им помогне на двајца старци

пред 3 недели
Моја приказна

Весна Петрушевска: Само една година затвор за предаторот? Срам за судијата од Велес!

пред 3 недели
Моја приказна

Која е Верица девојката чии органи спасија животи

пред 4 недели