ВИДЕО: Близнаци родени 20 минути по катастрофалниот земјотрес

Најмалку 23 лица се извлечени од под урнатините на една зграда во Драч, а помеѓу нив е и едно дете.

Сите тие се хоспитализирани во најблиската болница.

Во меѓувреме гинекологот Аника Докле изјави дека 20 минути по силниот земјотрес што ја погоди Албанија, родени се близначки.

– Јас и моите пријатели овој пат повторно сме во породилиште. Близначките се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобар симбол на континуитетот на животот. Немам зборови!, напиша Докле на Фејсбук, без да прецизира каде се родени близначките.

Total
0
Shares
Поврзани објави