Во гостувањето на ТВ 24, министерот за здравство Венко Филипче зборуваше за корона кризата и мерките за нејзино надминување, но ја искористи можноста да открие дека во Северна Македонија за прв пат вечерва ќе се изведе операција со трансплантација на срце.

„Имаме вечерва трансплантација на срце, имаме донатор, родителите од една почината девојка, а имеме и пациент кој подолго време чека таква операција. Ова се организира на Клиниката за кардиохирургија. Во овој момент се спремаат и во следните часови ќе започне зафатот. Единствен спас за овој пациент да го спасиме е трансплантацијата. Ќе го видиме исходот, со оглед дека сепак е ризичен потег, но очекувам се најдобро.“- изјави Филипче.

Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја. Имаме, за жал, почината…

Posted by Венко Филипче on Friday, 22 May 2020