“Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20 часот. Последен пат е виден во Ѓорче Петров во СКопје во 22 часот. Излезен е со бела шкода со таблички СК1566АП. Ве молам помогнете ми!”
Оваа вознемирувачка порака и апел за помош вечерва ја објави Маја Трокова и се споделува по социјалните мрежи. Засега нема никакви информација како исчезнало момчето. Луѓето кои се обидуваат да го пронајдат велат дека мобилниот телефон му е ислкучен а е недостапен ниту покажува дека бил вклучен на фејсбук.
Исчезнувањето е пријавено и во полиција.
Се чекаат дополнителни информации.
Засега доколку некој има информација за момчето или го препознае или го забележи автомобило може да пријави во наблиската полициска станица или на бројот на полиција 192.