На паркингот на булеварот „Видео Смилевски Бато“, вчера по полноќ биле пронајдени, оставени сами, две мали дечиња во автомобил “алфа ромео”.
Станува збор за братче и сестричка, кои според изјави на очевидецот, биле пронајдени без знаци на живот. Тие се на 7 и 4 годишна возраст.
Таму, според неофицијалните информации, биле оставени, заспани, од еден од родителите. По пројава на соседите МВР интервенирале ги искршиле прозорите од автомобилот и ги извадиле децата.
Дечињата се веднаш пренесени на клиника.
Се чекаат детали од МВР.