ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВСКО: ЗАГИНАА ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ – ЕКСПЛОДИРА ПЛИНСКА БОЦА

Трагедија се случила утрово околу 10 часот во куќа во кумановското село Романовце откако експлодирала плинска боца. 

Првичните информации од МВР се дека на лице место загинале три лица, а други шест со повреди завршиле во болницата во Куманово. Дел од повредените, поради сериозноста на повредите се префрлени на скопските Клиники.

Во моментов увид на терен вршат јавен обвинител и екипа од СВР-Куманово.

Репортерот на „360 степени“ од Романовце јавува дека жителите на селото велат дека тројцата загинати во експлозијата на плинска боца се малолетници. Засега нема официјална потврда на оваа информација.

фотографијата е сопственост на порталот 360степени

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Инспекција во штипската болница: Кои лекари и сестри дежурале ноќта кога никој не ѝ се јавувал на пациентка оставена без кислород која почина?!

Михаела Довичинска, ќерка на 41-годишна пациентка која починала на штипското инфективно одделение со билатерална бронхопневмонија и Ковид 19,…