Најновата вест е дека тетка Сирма која денеска исчезна во Скопје е пронајдена жива и здрава. Заминала кон населбата Влае каде девојка која ги видела постовите за помош да се најде жената веднаш ги известила најблиските.

Тетка Сирма сега е со најблиските во населбата Козле од каде замина без да си го земе мобилниот телефон. Голема благодарност до сите што помогнаа жената да се врати кај најмилите.