Кавадарчанецот Благој Пешиќ, тренер по стрелаштво и татко на нашата олимпијка и ликовен уметник, Дивна Пешиќ Грозданов е осуден на осум години затвор. Пресудата му беше изречена пред два дена во Основен суд Велес, а е прогласен за виновен за полов напад врз дете кое што не наполнило четиринаесет години.Настанот се најде во центарот на вниманието кон крајот на месец март 2017 година. Родители на 13 – годишна ученичка по стрелање пријавиле дека во повеќе наврати го обљубил девојчето, по што му беше одреден притвор.Неговото семејство, ќерките и сопругата застанаа зад него и неколку пати излегоа во јавност со тврдењето дека е невин.-Со кои докази ме обвинувате за вакво дело и зошто веќе три години се уште ги крие обвинителката изјавата и записниците од полициската станица? Како се осмеливте цела вина вие да ја превземете за овој срам? Случајот не е завршен ќе се жалам на повисокиот суд, кој сум сигурен дека ќе утврди дека –Ме фати за рамото – не е полов напад – му се обрати Пешиќ на судијата Шефшет Адеми, по прогласувањето на пресудата.

текстот и изјавата на Пешиќ продолжува на Фокус.мк