Таткото кој ги силувал трите деца , екс затвореник и алкохоличар

Децата кои ги силуваше таткото се згрижени заедно со мајката и социјалните служби се грижат за нив. Тие се безбедни , а таткото е во притвор. Децата одат на училиште , а со нив е и мајката за која социјалните служби оцениле дека може да биде со нив.

Таткото е осомничен дека дома сексуалано ги злоупотребувал трите деца од кои најмалото е 6 години најстарото 13. Тој е поранешен затвореник, одлежал 8 годишна затворска казна. Но не само што ги силувал децата туку го принудил цело семејство да живее во сиромаштија и беда оти бил алкохоличар и секој денар го трошел за пиење. Повеќе детали околу ова семејство не се соопштуваат поради природата на делото и заштита на децата.

Сомнежот дека децата се злоставувани го пријавиле од Социјалните служби а полицијата и обвинителството по коплетирање на случајот го приведоа и притвориа таткото за кого ќе се води постапка за три продолжени кривични дела полов напад и други полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години за што е предвидена најмала затворска казна од 12 години.

foto ilustracija

(Р.Д.)

Total
0
Shares
Поврзани објави