Сведоштво: Син ми го избодеа, се бори за живот, насилниците ги пуштија

Мојот син Филип беше прободен со нож во саботата во дискотека во Марино се бори за живот со тешки оштетувања , раскажува Гоце Филиповски, татко на момче кое се бори за живот на скопските клиники. Осомничени за крвавиот инцидент се две деца од Петровец од кој едниот си на поранешниот градоначалник а сега висок функционер во МВР Звонко Цветковски.

Според првичните информации и изјавите на сведоци Филип сакал да спречи банална кавга. Изреагирал дека нема потреба за распаравии за ништо, но во тој момент  за  гуша го фатил еден од извршителите. Филип ја извaдил службената легитимација од МВР за да спречи поголем инцидент, но намето тоа токму тој настрадал. Во тој момент извршителите го бодат со нож, сведочи за ДОСИЕ, таткото на Филип.

Филип е во болница со тешки повреди поради кои му е отсранет еден бубрег и слезина и се бори да преживее.

Според сознанијата на таткото во меѓувреме осомничените бегаат со автомобил марка рено сеник, но удираат во друго возило. Бегаат од колата и со трчање исчезнуваат во темицата.

Реагирала полицијата, ги пронашла , ги привела но по налог на надлежен обвинтел биле пуштени оти ножот не е пронајден.

Таткото на Филип стравува дека случајот може да биде сокриен.

Првичните информации се дека се прави обид да се изменат изјавите на децата сведоци кои беа дадени во мое присуство во Државна болница и каде диркно ги посочија сторителите. Важно е сторителите да ја добијат залужената казна затоа што као човек треба да бидеш да имаш таков нож со себе при излегувањ во дискотека. Денес беше Филип утре ке биде некое друго дете ако овие насилници се спасат благодарение на високата позиција во МВР на нивниот татко.

Total
0
Shares
Поврзани објави