Се почесто на социјалните мрежи се појавуваат стории и сведоштва на патници од скопските автобуси кои тврдат дека во нив се возат мажи кои крадат паричници или манијаци кои задеваат жени. Последниот таков случај е со маж кој “оперирал” во автобусот со број 5. Го виделе на повеќе локации и во Центар и во Аеродром. Бил виден како ограбува и кај Градска болница , а на автобуската станица кај Зелен пазар слегува. Карактеристично за овој маж е што носи кошула преку едната рака , изгледа пристојно, но успева да краде преd очите на патниците кои пак молчат. Некои од нив се надеваат дека инсталираните камери во автобусите го снимаат, но со оглед на тоа дека човекот се уште слободно се движи ниту возачите, ниту патниците пријавиле во полиција.
“И секој ден истите луѓе се возат и гледаат кражби и сите мирно стојат и не им чуе важно тие не се ограбени. Јас не знам кога гледате полиција не реагира треба граѓаните да се солидаризираат и да го средат убаво”, реагираат револтирани граѓани. Еве и неколку сведоштва како биле ограбени:
“Пред две години исто во 5ка крадец ми го украде паричникот од чанта, една жена од позади ми кажа јас тргнав по него и успеав да му го земам, му се заканив дека ќе го пријавам во полиција. Извади нож и почна да мафта со него се проби меѓу луѓето и кај Југо Дрво избега. Луѓе се тргаа кога го видоа со ножот, тоа е истиот човек исто носеше кошула префрлена преку рака и таму му беше скриен паричникот. Јас таму го потегнав и паричникот падна. Значи тој долг период ограбува во 5ка”, е искуството на една скопјанка со крадецот.
Други велат дека не само во овој број на автобус туку имало и уште еден познат крадец кој носел црни наочари бела маица и капче. Дека има и други случки и манијаци еве што сведочи жена која се возела во 24ка.
“Мене манијак во 24ка ме фати за газ, јас носев чај во термос и го полив, малце го стоплив ама никад више не влезе у бус на таа станица, уште 4г се возев на иста релација”.
На крајот граѓаните не знаат како да реагираат дали да пријавуваат во полиција дали сами да ја земат правдата во свои раце па да им се случи она што дури и една го напишала јавно:
”екстремно хорор сценарио: викаш , излегуваат сите, остануваш сама”.
Поврзани објави
Семејството на Ирена Костовска го објави отпусното писмо и обвинува: „Докторите направиле фатална грешка“
Семејството на 33-годишната Ирена Костовска која почина на Клиниката за абдоменална хирургија, го објави отпусното писмо и побара…
Три години бил на листа за трансплантација, пациентот кој вчера доби ново срце
Пациентот кој вчера го доби срцето од дарителот,од чии органи без спасени уште тројца пациенти, пет години боледувал…
Искасапено куче во Маџари
Алармантно ⚠️ во населба Маџари пред малку стотуку наидов на искасапени делови од кученце со веројатно мал раст, опаш…
Кондарко: Шетам деца, немам време за навредите на Најчевска!
Членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, ни чул, ниту видел дека претседателката на новата партија ТВОЈА, Мирјана…