Стабилна состојбата на 18 месечното бебе со интервенција од Д-р Софијанова со нејзиниот тим

Состојбата на осумнаесет месечното бебе на кое му беше поставено шант со катетеризација од страна на Д-р Аспазија Софијанова заедно со нејзиниот тим.

На државната клиника за Кардиохирургија за првпат беше направена интервенција за хемодијализа кај детенце дури помало од 2 годинки.

Според информациите, намален е елементот Калиум кој представувал опасност по работата на срцето но сеуште се работи на дијагностицирање и поставување на перитонеална дијализа.

Проф. д-р Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје заедно со нејзиниот тим ја направија првата успешна интервеција на државната клиника за Кардиохирургија.

Во тимот на Проф. д-р Софијанова беа и Д-Р Оливер Бушлетиќ од Клиниката за Кардиохирургија и Д-р Владо Пушхевски од Клиниката за Нефрологија.

Првиот ваков зафат на државната клиника е огромен успех за македонското здравство.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави