Средношколка од Битола сама изработува машини за гравирање со ласер

Евгенија Дивитарова, средношколка  иноватор, е на чекор да изработи трета машина за гравирање со ласер. Оваа 17-годишна девојка е ученичка во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола и самата ги смислува софтверите, ги дизајнира и конструира деловите од машината на која се врши гравирање на текст, фотографии, па дури и уметнички дела. Досега изработила две машини, а за втората ја доби наградата за „Млад иноватор“ на натпреварот „Макинова“ во октомври лани во Скопје.

Изработила две машини, а за втората ја доби наградата за „Млад иноватор“ на натпреварот „Макинова“ во октомври лани во Скопје.

Резбата за која се потребни по неколку денови, а понекогаш и месеци за рачна изработка, машината ќе ја изгравира за три до четири часа. Текст пак, за десет до 15 минути.

„Преку соодветен софтвер дизајниран за ЦНЦ машини ја ставаме сликата, потоа се создава  г код , се даваат наредби, кодот се испраќа до уред кој ги движи моторите и кажува кога ласерот да биде вклучен, а кога исклучен. Според тоа, враќа повратни информации за положбата на моторите и на крај се гравира слика или текст“, објаснува младата Дивитарова. Таа има големи планови околу создавањето на третата машина, но деловите се многу скапи, па потребна е поголема поддршка на младите таленти од заедницата, посебно од стопанството.

целата сторија на продолжува на apla.mk тука

 

 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Фото: После Tesla – Nikola

Компанијата Nikola објави технички детали и компјутерски рендери за електричниот пикап Badger. Споредено со Cybertruck на Tesla, изгледот…