Со церебрална парализа извозе 32 километри со велосипед

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа кој боледува од детска целебрална парализа, извози 32 километри на велосипед со три тркала на 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон.
Васил боледува од детска целебрална парализа но воедно е и човек со огромна волја и бистар ум. Неговата желба беше со точак на три тркала ги помине овие навистина тешки 30 километри полни со големи угорници и удолници беше предизвик пропратен со одредена резерва, но беше прифатена, секако вон конкуренција. Големината на волјата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги.

Total
0
Shares
Поврзани објави