Семејството на починатиот правобранотел Борче Пинев од Велес одлучи да ги донира неговите органи

Борче Пинев, државниот правобранител за подрачје Велес, е починатиот дарител на органи, потврди за „Фокус“ министерот за здравство Венко Филипче.

По пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје, Пинев починал вчера, по трагична несреќа во која се здобил со витално загрозувачки повреди откако паднал од височина.

Тој беше именуван на функцијата државен правобранител за подрачје Велес во 2012 година. Зад себе остави сопруга и две малолетни ќерки.

Mинистерот за здравство Венко Филипче, напиша дека утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт..

“Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи“,

напиша Филипче

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив дарител годинава.

На 23 мај од починат дарител, Емилија Динева од Дојран, беа трансплантирани срце и бубрези.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави