Семејството бара помош жената е исчезната

Семејството и полицијата од вчера трага по Мара Дамјаноска од Глишиќ, Кавадарци. Жената вчера излегла заедно со нејзината ќерка, и влегле во просториите на Стопанска Банка во центарот на Кавадарци. Бидејќи имала здравствени проблеми, нејзината ќерка замолила некои од присутните да внимаваат на неа неколку минути, додека во соседна просторија потпише документи. Но, штом излегла од просторијата, таа забележала дека нејзината мајка не е повеќе во банката. Тргнала да ја бара во околината, но безуспешно.

Нејзиниот внук ни ги раскажа деталите од настанот и целото семејство апелира до јавноста доколу ја забележи жената, да биде задржана и да се пријави во полиција.

-Стрина ми има здравствени проблеми, не помни ништо. Има 72 години, кратка седа коса, плави очи. Во моментот кога исчезнала била облечена во темно палто, црни тренерки, црвена блуза и кафеави кломпи. Имала и чадор со себе, ако до сега не и е изгубен. Од она што го видовме на безбедносните камери, таа за само една минута се разминала пред банката со нејзината ќерка. Последната снимка на која е забележана е направена во близина на градските гробишта, односно на патот кон Прилеп. Потоа и се губи секаков траг. Значи, може да биде во било кој град- раскажува нејзиниот внук Дамјан.

Додава дека случајот веднаш го пријавиле во полиција и како полицијата денес трагала по неа со часови. Утре ќе продолжела потрагата во која ќе се вклучеле и други лица, покрај полициските службеници.

-Апелираме доколку некој ја забележи, веднаш да повика полиција или пак да се јави кај семејството на телефонскиот број 077 956 125 – порачаа Дамјаноски.

извор: фокус.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Доктор Јота оставен од државата откако беше прегазен: Неподвижен бев пет месеци, во Љубљана проодев за два дена, сам платив 12.000 евра

Професорот на Медицински факултет и дигестивен хирург доктор Ѓорги Јота за „Слободен печат“ раскажува со какви проблеми се…