Седумчлено семејство остана на улица

Тетовско семејство остана на улица откако вчера им било побарано да го напуштат Центарот за бездомници во Чичино Село во Скопје, каде живееле во изминатите осум години.

Телевизија 21ТВ известува дека директорот на Центарот за социјални работи во Тетово, Дарко Обадиќ, им рекол на семејството Ајетовски дека ќе треба да го напуштат Центарот во Чичино Село, без да им ја каже причината.

Домаќинот Тахир во неверување и без решение, а сопругата се жали дека не земаат ниту социјална помош.

Децата се сѐ уште мали, а Љуљета е бремена, па доколку се иселат од Центарот во Чичино село, ќе останат на улица и препуштени сами на себе, пренесува Телевизијата.

Директорот Дарко Обадиќ не ја знаел на памет причината за истерување на семејството од Центарот затоа што предметот не бил кај него, а Министерството за труд и социјална политика највиле дека утре ќе излезат со писмен одговор за случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави