Самохран татко 4 месеци лежи претепан во болница , телото му се распаѓа

Стојан Павлески е самохран татко на едно малолетно дете кој лежи веќе 4 месеци на клиниката за трауматологија во тешка состојба со декубитни рани по телото од половина надоле, од кои се шири непријатен мирис. Овој човек беше осуден за обид за убиство на Села, од настаните на 27-ми Април, , но ослободен и пуштен на условно. Неколку дена после ослободувањето е нападнат и претепан до смрт. Има повреди на рбетот и крварење во мозокот. Лежи неподвижен во горните и долните екстремитети и неговите се жалат дека мораат сами да му ги преврзуваат раните бидејќи персоналот на клиниката се жали на предолгиот престој како и на мирисот кој се шири од раните. Состојбата е сериозна по неговиот живот. Неговото семејство нема средства за подобар третман. Молат да се префрли на неврологија и соодветно да се третира. Молат за било каква помош.

Павлески е претепан од непознати сторители а се пртепоставува дека ова е одмазда за тепањето на Села.

На 24.09.2018 од граѓани било пријавено дека на влезот од Зелен Пазар, во паркот лежеле две лица. Полициски службеници излегле на местото, а лицата со возило на Итна медицинска помош биле однесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. По преземените мерки било утврдено дека станува збор за лицата В.Т. (58) и С. Павлевски (52), двајцата од Скопје, пишуваше во соопштението од МВР.

Скопјанецот кој најверојатно поради Павлевски бил натепан, после три дена од нападот случајот го пријавил во полиција, но никаде во пријавата не го споменал Стојан.

Во врска со овој настан на 27.09.2018 година во 12 часот во СВР Скопје, В.Т. пријавил дека на 24.09.2018 година околу 18:30 часот во близина на угостителски објект на булевар „Кочо Рацин“ физички бил нападнат од 3 непознати лица при што паднал во бессознание. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Стои во соопштението на МВР за пријавата поднесена од второто лице кое било повредено.

Стојан Павлевски после 8 месеци одбрана за обид за убиство, доби преквалификација на делото, а изрази и каење за насилството врз Зијадин Села. Судот го осуди на условна затвроска казна.

Тој е последната жртва на инциденти кои изминатиов период зачестија, а се поврзани со 27 април. Две тепачки претходеле во притворското одделение во Затворот Шутка. Еден притвореник кој кривично го товарат за нападот врз пратеникот Зијадин Села, бил претепан до бессознание.

Total
0
Shares
Поврзани објави